Од десетте најплатени спортистки на светот, дури осум се тенисерки!

Објавена е листа на десет спортистки кои имале најголема заработка минатата година (вклучени се приходи од терените, но и надвор од нив), а од десетте најбогати, дури осум се тенисерки.

Во топ 10 најплатени, само Нели Корда (голф) која е на седмо место и Ајлин Гу (скијање во слободен стил) која е четврта, не се тенисерки.

На врвот е Коко Гоф со годишна заработка од 33 милиони долари. Од тоа, 8 милиони од турнири, а 25 милиони од спонзори.

Втора е Арина Сабаленка, трета Ига Швјонтек, а од тенисерките во Топ 10 се и Кинвен Џенг, Медисон Кис, Наоми Осака, Елена Рибакина и Џесика Пегула.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести