Од Динамо Киев најавуваат: „Нема ниту да се ракуваме со фудбалерите на Партизан“

Екипите на Динамо Киев и Партизан вечерва го играат натпреварот од второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Поради состојбата во Украина, натпреварот ќе се одигра во полскиот град Лублин, а од таборот на Динамо Киев пристигнува најава дека играчите на оваа екипа нема да се ракуваат со противникот.

Причината за тоа се натпреварите кои Партизан ги играше летово против екипи од Русија, што за украинците е неприфатливо и го сметаат за непријателски однос од страна на екипата од Србија. Останува да се види дали украинците навистина така ќе постапат, па потоа случајот да го преземе УЕФА заради мешање на политиката во спортот.

https://twitter.com/ZoryaLondonsk/status/1815494562208440707?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1815494562208440707%7Ctwgr%5Ee7227fb5666add09bfedad6e856980f3c8a4f528%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fofenziva.ffa.hr%2Fvijesti%2Figraci-dinamo-kijiva-nece-se-rukovati-s-igracima-partizana%2F574412%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести