Од Дортмунд во Баерн се пресели главниот скаут кој ги откри Санчо и Белингем

Баерн Минхен го ангажира Маркус Пилава за главен скаут преземајќи го неговиот договор од Борусија Дортмунд. Човекот кој ги откри талентираните Англичани, Џејдон Санчо и Џуд Белингем, отсега ќе бара таленти за германскиот првак.

Пилава во изминатиот период не беше во најдобри односи со управата на Милионерите, сето тоа го искористи големиот ривал, па ова е тежок удар за клубот кој има филозофија да ангажира млади и перспективни фудбалери и преку нив да се остваруваат огромни заработки.

Поради Пилава, Дортмунд успеа да заработи 85 милиони евра кога лани го продаде Санчо на Манчестер јунајтед, а сличен профит, можеби и поголем, треба да оствари со продажба на Белингем во иднина. Со преселбата во Минхен, ова е знак дека отсега Баерн ќе биде водечки клуб за откупување на надежни фудбалери.

- Оглас -

Најнови вести