Од еден агол е гол, а од друг агол не е погодок: Елче се жали дека е оштетен кај Валенсија (Фото)

Валенсија со 2:1 го победи Елче во меч по кој гостите се жалеа дека се оштетени. Во Примера нема гол-линија технологија, па за спорните ситуации околу тоа дали е гол или не, се гледа ВАР снимка.

Карилјо во 87 минута шутираше и верува дека постигна гол, но голманот Силесен со чудесна интервенција успеа да не дозволи топката да ја затресе мрежата. Сепак, отстанува нејасно дали е гол или не.

Една снимка која ја постираа од Елче на својата официјална твитер страница се гледа дека топката ја поминала гол линијата.

Сепак, друга фотографија покажува дека Силесен навремено одбранил и дека топката не ја поминала гол линијата со целиот свој обем. Две различни снимки од два различни агли за иста ситуација. На крајот, судија реши дека нема гол и Валенсија победи со 2:1.

- Оглас -

Најнови вести