Ракометот важи за жесток спорт во кој има многу дуел-игра и контакт, а ракометарките во српското градско дерби меѓу Раднички и ОРК Белград поминаа на едно повисоко ниво.
На 20-тина минути пред крајот, при резултат 16:14 за домашниот тим, во еден момент се случи прекршок кој многу брзо прерасна во физичка пресметка во која учествуваа речиси сите ракометарки на двете екипи.
Според некои медиуми, една од ракометарките заработила скршеница на раката.