Уште помаку од еден месец има до најважниот меч на македонската фудбалска репрезентација. Нашата селекција на арената „Тодор Проески“ на 26 март ќе игра против Косово во бараж-дуелот од Лигата на нациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра летово.
Македонија има историска шанса да се пласира на првото големо натпреварување, но мора прво да се победи Косово, а потоа да бидеме подобри и во финалето, каде што место ќе обезбеди подобриот од дуелот Грузија – Белорусија.
Во пресрет на мечот кој се игра во Скопје, од Фудбалската федерација на Македонија денеска излегоа со објава дека „Поради голем интерес за натпреварот на Македонија против Косово, билетарата на Градски стадион во претстојниот период ќе биде отворена до 21ч.“