33.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Од Фиорентина го најавија новото големо засилување на Реал Мадрид

Спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде, неочекувано даде информација според која, Реал Мадрид до крајот на летниот преоден рок ќе добие ново засилување. Кон Мадрид се очекува да замине ѕвездата на Спортинг лисабон, Бруно Фернандеш.

Фиорентина летово се интересираше да го доведе Бразилецот Рафиња од Спортинг, а според спортскиот директор на Виолетовите, овој трансфер бил неуспешен, бидејќи Спортинг не можел да си дозволи да остане без тој играч, бидејќи ќе го продаде Фернандеш во Реал Мадрид.

„Рафиња мораше да биде повлечен од пазарот, бидејќи Бруно Фернандеш од Спортинг ќе замине во Реал Мадрид за сума од 70 милиони евра“, рече Праде.

Фернандеш одигра одлична ланска сезона во Спортинг. Во 53 меча тој даде 32 голови, а имаше и 18 асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести