Од генијалец во Реал, Зидан е на пат да стане губитник

Реал Мадрид ги разочара своите навивачи и загуби од Манчестер сити во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите. Тоа беше прв пораз на Кралскиот клуб во нокаут фаза од ЛШ под водство на Зинедин Зидан. Францускиот стратег во претходниот мандат кога три сезони го предводеше мадридскиот гигант, три пати стигнуваше до титулата во елитната лига на УЕФА.

Сега, по второто седнување на клупата на Реал, работите воопшто не се исти за Зидан. Костурот на тимот е речиси ист само играчите се две години постари (Рамос, Карвахал, Варан, Модриќ, Иско, Бензема, Бејл…). Сепак едно нешто не е исто, го нема Кристијано Роналдо и тоа очигледно е голем проблем за тимот.

Реал сезонава освојува 1,94 поени на меч, додека во првиот мандат во три сезони, просекот му беше 2,30 поени по средба. Првиот пат кога дојде на клупата, Зидан првиот пораз го доживеа во деветиот меч, од Атлетико Мадрид. Сезонава во првите 11 средби имаше дури четири порази.

Точно е дека Зидан сезоната ја започна со триумф во Суперкупот, но екипата испадна од Купот на Шпанија, заостанува во првенството зад Барселона, а е пред елиминација и во Лигата на шампиони. Ако продолжи во исто темпо, тешко дека Реал сезонава ќе се израдува на трофеј.

Со Кристијано Роналдо во тимот под водство на Зидан, Реал имаше просек од 2,67 погодоци на меч, а сезонава тој просек е намален на 1,96 гола на средба. Едноставо работите не одат добро за најтрофејниот шпански тим. Пред Зидан и играчите на Реал сега следува нов голем предизвик, а тоа е Ел Класико против Барселона в недела. Доколку Реал победи, Кралевите ќе го превземат лидерското место во Примера, а пораз би ги одалечил од трката конечно да го симнат најголемиот ривал од тронот во домашното првенство.

 

- Оглас -

Најнови вести