Третолигашот Минхен 1860 денеска слави прекрасен јубилеј, 160 години од оснаовањето, а интересно е дека спортското друштво на баварскиот клуб е формирано во 1860 година, како центар за гимнастика и фитнес.
Фудбалскиот клуб почнал со настапи во 1899 година, но си го зачува како голем и значаен јубилеј денот на формирањето на Спортското друштво, 39 лета претходно.
„За жал во услови кога се уште не е сопрена пандемијата со Ковид-19 прославата ќе биде скромна, но за нас ова е голем ден и јубилеј. Им честитаме на сите симпатизери на Минхен 1860“, објавија од клубот.
За најстар фудбалски клуб во Германија официјално се смета Динамо Дрезден формиран во 1874 година.
Клубот од Дрезден е второлигаш, а Минхен 1860 е еден ранг подолу и е член на Трета германска лига, но има шанси ако првенството се доигра да бие битка за пробив во популарната Цвајта, со што би се закитил прекрасниот јубилеј од 160 години постоење.
Клубот има една титула во Германија, а шампион беше во сезоната 1965/66.