Од глупав, поглупав – Англичаните избраа Ковидиоти дрим-тим (Фото)

Англичаните одбраа идеален тим што ќе остане запаметен по невидените глупости што одбраните 11 фудбалери и тренерот Жозе Мурињо ги направија во екот на пандемијата со Коронавирус.

За секого има и посебно објаснување, но врв на глупоста се чини се оргиите со проституки што си ги организираа во своите станови Кајл Вокер и Мојзе Кен.

Дрим-тимот е именуван како Ковидиоти, а тренер е Жозе Мурињо. Специјалниот во услови кога во Англија имаше забрана за движење оддржа тренинг со фудбалерите на Тотенхем во парк.

Се истакнува и капитенот на Астон вила, Џек Грилиш, кој имаше сообраќајка во четири часот наутро. Не е лош ниту Александр Лаказет, кој си замина во автоперална во услови на забрането движење за да го измие автомобилот.

- Оглас -

Најнови вести