Сплитскиот Хајдук треба да биде пример за сите во Македонија, но и многу пошироко, како се сака и како се поддржува својот клуб. Од хрватскиот клуб на социјалните мрежи се пофалија дека само за 40 дена во новата година ја поминале бројката од 90.000 членови и речиси сигурно ќе го надминат минатогодишниот рекорд, кога за првпат во својата историја имаа над 100.000 членови.
Уплатената членарина од овие 90.000 членови надминува 1,4 милиони евра, што е сума за респект, но и сума која и тоа како ќе му помогне на клубот во амбициите што ги има, а тоа е да го симне неприкосновениот Динамо Загреб од тронот на хрватскиот фудбал.