9.8 C
Skopje
понеделник, 9 февруари 2026

Од херој до трагичар: Лудо деби со гол, автогол и црвен картон

Вистински фудбалски феномен го одбележа натпреварот помеѓу Реал Сарагоса и Еибар од Втората шпанска лига.

Мароканскиот дефанзивец Џавад Ел-Јамик влезе во историјата поминувајќи низ целиот спектар на емоции, од херој до грешник, и тоа на својот прв меч во дресот на Сарагоса. Даде два гола, по еден во двете мрежи, а на крајот беше и исклучен. 

Ел Јамик го започна натпреварот како што посакува, даде гол, доведувајќи ги домаќините во водство во 26-тата минута. Сепак, неговата радост беше згасната на почетокот на второто полувреме, кога ја испрати топката во сопствената мрежа по несреќен старт за резултат од 1-1. Драмата се комплетира на самиот крај од натпреварот, кога Мароканецот ги изгуби нервите и беше исклучен со директен црвен картон.

Така тој стана еден од ретките играчи во историјата на професионалниот фудбал кој постигнал гол, автогол и бил исклучен во истиот натпревар, и тоа дебитантски во некој клуб.

- Оглас -

Најнови вести