Од играње фудбал за плата од 225 евра и работа како келнер, до настап на ЕП 2024!

За аргентинскиот фудбалер Вернон де Марко, кој игра за репрезентацијата на Словачка, врзана е една од најневеројатните приказни на ЕП 2024 во Германија.

Де Марко е 31-годишен Аргентинец кој може да игра на позициите стопер и лев бек, а на ЕП ќе ја претставува Словачка. Но, она што е особено впечатливо е патот низ којшто помина овој Јужноамериканец за да ги оствари своите фудбалски соништа и да дојде во ситуација да игра на Европско првенство.

Неговото семејство побегна од Аргентина во 2001 година и се пресели прво во Австрија, а потоа во Шпанија. Најпрвин тренирал кошарка, но одлучи дека во иднина ќе игра само фудбал.

„Ја напуштив Аргентина кога имав десет години и почнав да играм фудбал на 12 години, пред тоа тренирав кошарка“, раскажува Вернон.

Потоа, по преселбата во Мајорка, тој играл аматерски фудбал во Констанција, каде што заработувал само 225 евра месечно.

„Бев активен во шпанската четврта лига и платата ми беше мизерна. Заработував 225 евра месечно и едвај ги покривав патните трошоци. Почнав да работам како келнер во хотел. Дури размислував да го напуштам фудбалот“, вели Де Марко.

Пресвртницата во неговиот живот се случила во 2012 година, кога добил повик кој му го промени животот.

„Беше среда навечер околу 23 часот, бев во кино со пријателите и ми се јави агентот да види дали сакам да си ја пробам среќата во втората лига на Словачка. Морав да погледнам мапа за да ја најдам Словачка“, се присетува Де Марко.

По потписот за Землин Михаловце, му тргна, во 2015 година беше унапреден во повисок ранг, а една година подоцна потпиша за Слован Братислава. Следуваше преселба во полскиот Лех Познањ во 2017 година, а потоа се врати во Слован четири години подоцна и доби словачко државјанство.

Тој дебитираше за репрезентацијата на Словачка и постигна гол на дебито против Малта во победата од 6-0.

Сега Де Марко игра за клубот Хата од Обединетите Арапски Емирати и се подготвува за првиот настап на ЕП, додека за Словачка има десет настапи, играше и на последните две контроли со Сан Марино и Велс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести