Од Индија до Србија – Белград ќе го замени Њу Делхи за боксерскиот мундијал во 2021 година

Белград ќе биде домаќин на Светското првенство во бокс следната година откако Меѓународната аматерска боксерска федерација одлучи да им го одземе правото на Њу Делхи и на Индија за организација на боксерскиот мундијал.

Причината за поништувањето на договорот е што Индија не ги уплати парите кои се договорени со АИБА, која има барање да им се плати казна од околу 500 илјади евра.

Индијците истакнаа дека се разочарани од одлуката на АИБА и велат дека проблемот со трансферот на парите е функционирањето на банките во услови на пандемија со ковид-19.

АИБА има многу проблеми, а во 2019 година беше суспендирана од Меѓународниот олимписки комитет поради сомнеж за финансиски малверзациии и проблеми со управувањето на Светската боксерска федерација.

- Оглас -

Најнови вести