Фудбалско-тениска комбинација е денешната понуда во Супер типот на Sport Life. Возбудувањата ќе започнат уште претпладне, односно во 11 часот, за кога се закажани два тениски дуела на кои квотите за победи на фаворитите се 1.51 и 1.63.
Во пладневниот термин ќе има и фудбалски возбудувања, и тоа во Јапонија. Гамба Осака, Нагоја и Кашима се фаворити на домашен терен, а квотите се од 1.63 до 1.84.
Од европските возбудувања, Бодо/Глимт и Лудогорец се фаворити на гостински терен кај Фридрикштад и Динамо Минск.
Дури пет меча од понудата се играат во полноќни термини. Палмеирас е домаќин на Мирасол и треба да победи, а интересно е дека од МЛС американската лига има дури четири средби и на сите четири има зголемни квоти за победа на домаќините.