Од каде ли ги вадат? Играч на Ајакс има 17 години и даде 32 гола

Ајакс со својата игра го воодушеви фудбалскиот свет, особено што на чекор од финалето во ЛШ, дојде со млад состав во којшто имаше неколку играчи кои летово ќе бидат скапо продадени. Но, заминувањето на Френки де Јонг и уште некој нема да значи дека тимот ќе остане без млади играчи кои би можеле да станат ѕвезди.

Ајакс постојано продуцира нови млади кадри, знаат како да работат со својата академија, а веќе се појави потенцијална ѕвезда. Брајан Броби, кој има 17 години, сезонава за младиот тим на Ајакс даде 32 гола на 35 меча.

Овој тинејџер роден во Амстердам во 2002 година со репрезентацијата на Холандија за играчи до 17 години освои второ место на ЕП и нема сомневање дека наскоро ќе се појави и во првата екипа.

- Оглас -

Најнови вести