Арсенал ќе мора да бара нов капитен, и тоа само еден месец откако за предводник на играчите на теренот беше назначен Гранит Џака. Швајцарскиот репрезентативец не успеа да се носи со притисокот да биде капитен на Арсенал. Имаше неколку проблеми, а кулминацијата се случи за време на дуелот против Кристал палас.
Џака беше повлечен од теренот, а додека заминуваше кон клупата, доби многу свирежи и негодувања од фановите на Арсенал. Тогаш играчот реагираше непримерно, се расправаше со навивачите, а на крајот го соблече дресот и го фрли на земја, па замина во соблекувалната.
Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, потврди дека Џака воопшто не е на списокот на играчи за следниот дуел против Вулверхемптон.
„Џака нема да игра против Вулверхемптон“, кратко објави Емери, кој му објаснил на играчот дека веќе никогаш нема да го стави во тимот бидејќи самиот тренер не сака да се замери со навивачите кои веќе го „избришаа“ Џака.