Од 99-тото коло гарантираниот фонд за седмица ќе се зголеми на 10.000 000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари

Од 99-тото коло гарантираниот фонд за седумка ќе се зголеми на 10 000 000 денари, една лото-комбинација ќе изнесува 30 денари.

Државна лотарија ги известува играчите на играта на среќа Лото 7 дека со цел за побрзо полнење на фондот за добивката од прва категoрија и за зголемување на вредностите на добивките по сите категории, почнувајќи од уплатата за 99-тото коло

(10.12. 2022), една комбинација за учество во играта на среќа Лото 7 ќе е со вредност од 30 денари, колку што ќе изнесува и уплатата за еден Џокер број.

Со ова гарантираниот фонд за седумка на Лото 7 наместо 7 000 000 денари, ќе изнесува 10 000 000 денари, а гарантираната премија за Џокер со 6 погодици ќе се зголеми на 1 000 000 денари.

Цената на комбинација за учество во овој вид игра на среќа и понатаму останува најниска во регионот.

Фондот за седумка во моментов изнесува над 30 000 000 денари.

Од октомври 2019, Државна лотарија овозможи учество во игрите на Среќа Лото 7 и Џокер со онлајн уплата, преку веб-страницата www.loto.mk.

За потсетување, досега имаме вкупно 26 (дваесет и шест) постигнати седумки, со добитници низ различни градови ширум државата, а рекордната седумка е забележана во 2021 година со вредност од 41 163 771 денари.

Играта Лото 7 е игра на среќа со најголема добивка во нашата земја, игра со еднакви шанси за сите учесници.

Дел од секоја поединечна уплата на влоговите во играта на среќа Лото и дополнителната игра Џокер е наменет за зголемување на Буџетот на Република Северна Македонија, со што играчите директно даваат придонес кон реализацијата на оштественокорисните цели на нашата заедница.

- Оглас -

Најнови вести