Кога медиумските работници, официјалните лица и останатите кои доаѓаат на стадионот во Дизелдорф да си ги подигнат акредитациите, ги пречекува девојка која перфектно зборува германски и веднаш за да се разберете, а не знаете германски, почнувате со англиски.
Го погледнува пасошот, гледа Македонија, и со широка насмевка ни вели: „Македонијааа, и јас сум од Македонија“.
Всушност таа девојка не е Германка туку нашинка и се вика Анита Алаѓозовска. Струмичанка, тоа се слуша веднаш по акцентот кој го зборува, а расположена е да им помогне на сите. Останатите волонтери се смешкаат кога ја слушаат како зборува на јазик кој не им е познат.
„Ќе навивам за Македонија, ама не им кажувајте на другиве волонтери кои се Германци“, одговара Анита на прашањето дали ќе навива за Македонија или Германија.
Инаку, струмичанката работи во шпедиција, со семејството девет години живее во градот Рајне, а ракометот ѝ е омилен спорт.
„Го сакам ракометот, две години волонтирав и на фајнал-фор на Лигата на шампионите во Келн“, вели Анита низ чија контрола деновиве поминуваат илјадници лица, а немаше проблем и да се фотографира со подарокот кој го доби од најдобрата обложувалница во Македонија, Sport Life.