Од Металург во Вардар: Браќата Њокас пред потпис со македонскиот првак

Браќата Кевин и Оливие Њокас се пред потпис со Вардар 1961, иако пред околу четири месеци беа претставени како нови засилувања на Металург. Искусните француски ракометари се одлучија за ваков потег со причина дека сакаат да настапуваат во Европа, а токму тоа го нуди актуелниот македонски шампион.

Браќата ги поминаа подготовките во пресрет на новата сезона со тимот од Автокоманда, во меѓувреме боледуваа од корона-вирус, а откако закрепнаа решија за промена непосредно пред стартот на сезона. Тоа значи дека ќе останат во Скопје, но ќе бидат нови членови на тимот кој го предводи Веселин Вујовиќ, кои ќе внесат искуство во неговиот состав по барање на самиот тренер.

Соработката со браќата Њокас ќе се официјализира во најскоро време, по што Кевин и Оливие ќе треба да одработат неколку тренинзи и да му се стават на располагање на Вујовиќ веќе за првиот натпревар во Лигата на шампионите против Елверум.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести