Од милионер до бездомник, а тогаш се појавиле оние кои му се вистински пријатели да го спасат

Некогашниот освојувач на Супер болот во НФЛ шампионатот, Тери Таутоло, го живее својот „трет живот“. Таутоло заработувал милиони долари за време на својата кариера, но по заминувањето во спортска пензија, се решил да се предаде на пороците. Алкохолот и дрогата биле неговите најдобри пријатели. Верувал дека со алкохолот и дрогата ќе ги заборави проблемите кои ги имал, но наместо тоа, Таутоло целосно останал без милионите кои ги имал заработено и станал бездомник без ниту еден долар во џебот.

Сепак, Таутоло не останал сам на себе. Кога му било најтешко, во неговиот живот повторно се вратиле неговиот поранешен тренер Дик Вермеил и соиграчот Брент Бојд. Со помош на играчката НФЛ-асоцијација, на Таутоло му биле обезбедени сместување и лекарска помош. Некогашната голема спортска ѕвезда успеала да ја преброди кризата, па сега живее и работи во Сент Моника во Калифорнија, каде што е посветен на работата со деца со посебни потреби.

Едноставно, ова е приказна дека вистинските пријатели ќе се најдат секогаш кога е најпотребно да се помогне.

- Оглас -

Најнови вести