Ливерпул и Манчестер јунајтед играат 1:1 по првите 45 минути на „Енфилд Роуд“, во дербито на двата најтрофејни клуба во Англија. Домаќините ја имаат улогата на големи фаворити, но засега на семафорот покажува дека е нерешено. Ливерпул добро го отвори мечот и со голот на Садио Мане во 24 минута поведе со 1:0.
Сепак, радоста на навивачите на „Енфилд Роуд“ кратко траеше. Во 33 минута, голманот на Ливерпул Алисон Бекер направи кикс, ја испушти топката од раце, а тоа го искористи Џеси Лингард кој израмни на 1:1.
Статистички, Ливерпул доминира во првиот дел. Изведе 7 корнери, додека гостите немаа ниту еден. Поседот на топката е 61-39 во корист на домаќините, кои имаа и вкупно 15 удари кон голот на Де Хеа. Сепак, резултатот покажува дека ниту еден тим нема предност.
https://twitter.com/Futbol_Replays/status/1074342563455344640