Првиот човек на Наполи, Аурелио де Лаурентис, по консултација со адвокати, реши да побара докази кои ќе ги поткрепат двете одлуки од ВАР-собата што беа во корист на Јувентус, во дуелите против Рома и Интер.
Челниците на Наполи се уверени дека Рома била оштетена во дуелот со Јувентус, откако во 57-мата минута не бил досуден пенал за Римската волчица. Додека Рома не доби пенал против Јувентус, Старата дама на гостувањето кај Интер израмни на 1:1 благодарение на удар од белата точка.
Главниот судија на дуелот во Милано не досуди пенал за Јувентус, но доби сигнализација од судиите во ВАР-собата дека имало услови за пенал, па арбитерот ја промени одлуката и досуди удар од 11 метри за Јувентус. Пауло Дибала погоди и израмни на 1:1 во 89-тата минута, што беше доволно за бод на Јувентус на „Џузепе Меаца“.
Во Наполи се незадоволни и поради тоа што на нивниот меч против Рома имало иста ситуација како таа на дербито Интер – Јувентус, но судиите не се решиле за пенал за гостите од Неапол.
Токму затоа, првите луѓе на Наполи побараа аудиоснимки и сценограм од ВАР-собата за да може точно да видат по која основа се донесени двете сомнителни одлуки во корист на Јувентус.