33.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Од Наполи објаснија дека дресот со бројот 10 останува недопирлив и за Де Бројне

Кевин де Бројне на својот прв тренинг во новиот тим Наполи тренираше со дрес на кој беше бројот 10. Многумина поверуваа дека белгиската фудбалска ѕвезда ќе ја добие честа да го носи дресот кој го носеше легендарниот Диего Армандо Марадона во Наполи.

Сепак, стигна објаснувањето на клубот, а тоа е дека тој дрес со бројот 10 бил резервиран исклучиво за подготовките. Наполи потврди дека поранешниот капитен на Манчестер Сити сепак ќе го носи бројот „11“ во натпреварувачката сезона, со што ќе се избегне потенцијален конфликт со лојалните навивачи, но и дополнителен притисок врз новодојдената белгиска ѕвезда.

И самиот Де Бројне веднаш јасно потенцираше: „Не, не, не, воопшто не. Нема да го носам десетката“, изразувајќи го своето лично почитување кон наследството на славниот Аргентинец.

Бројот „10“ засега симболично ќе биде отстранет од употреба на официјалните натпревари, зачувувајќи го статусот и сеќавањето на неповторливиот придонес на Марадона за Наполи и градот Неапол.

- Оглас -

Најнови вести