Од Наполи со порака до Јувентус: Треба да ни кажете фала затоа што Роналдо не се зарази

Пред десетина дена требаше да се игра дуелот меѓу Јувентус и Наполи во италијанската Серија А. Средбата не се одигра, иако фудбалерите на Јувентус се појавија на теренот во Торино. Гостите не допатуваа, со образложение дека од локалната здравствена организација имаат забрана да патуваа поради неколку заразени фудбалери со Коронавирусот.

Од Јувентус побараа дуелот да го добијат со службен резултат 3:0, но засега нема официјално решение. Најавите се дека сепак средбата ќе се игра. Од Наполи испратија порака до Јувентус дека Старата дама треба да биде среќна затоа што мечот не се одигра, бидејќи така постоело опасност Кристијано Роналдо и останатите фудбалери на шампионот да бидат заразени од опасниот вирус.

„Никој не ни е благодарен, а поради нас Кристијано Роналдо не се зарази. Може само да си претпоставите како ќе беше ако таму заминевме со неколку болни. Така беше нашиот случај на мечот со Џенова. Ако се покажеше дека Кристијано Роналдо се заразил поради нас, тоа ќе беше главна вест дури и на Њујорк Тајмс“, вели Винченцо де Лука кој е овластен управител на регионот во кој е и Наполи.
Една недела пред да се игра дербито Јувентус – Наполи, се играше дуелот Наполи – Џенова. Во гостинскиот тим имаше неколку заразени, а потоа бројката се искачи на 20-тина заразени во Џенова и неколку во Наполи.

- Оглас -

Најнови вести