Анализа на следниот противник на Челзи од навивачки агол: Четврти се во Бундеслигата и го имаат Јовиќ

Челзи го израмни рекордот на Атлетико Мадрид со 15 меча во низа без пораз во Лигата на Европа, неговите навивачи очекуваат серијалот да продолжи и да биде крунисан со пехар, но и на интересен начин го најавуваат следниот ривал, Ајнтрахт од Франкфурт.

„Мора да се добри. Четврти се во Германија и го имаат Јовиќ“, таков е отприлика погледот на симпатизерите на Челзи за следниот ривал во Лигата на Европа.

Ајнтрахт е хит во Германија, но и во Лигата на Европа и досега успеа да се справи со три европски прваци, Марсеј, Интер и Бенфика, па го сака „скалпот“ и на четвртиот Челзи.

И да, го имаат Лука Јовиќ, вториот стрелец во Бундеслигата, вториот стрелец во фазата по групи во Лигата на Европа и вториот стрелец во нокаут-фазата во ова натпреварување. Тука се и извонредните Костиќ, Рабиќ, Гачиновиќ, Роде… и извонредните навивачи на популарните „орли“. Навидум Челзи е фаворит, но таква беше и улогата на Марсеј, Интер и Бенфика, па беа елиминирани од опасниот и полетен тим на Ајнтрахт.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести