Голден стејт победи со 106:105 во петиот меч од НБА-финалето против Торонто и намали на 2:3 во победи. Торонто имаше напад за победа и шампионско славење, но Кајл Лаури го утна последниот шут, па Воините се радуваа на триумф и остана неизвесноста.
Сепак, целата ситуација на таа средба можело да биде поинаква бидејќи од НБА-лигата признаа дека судиите направиле грешка во последната минута од мечот. При резултат од 106:103 за Голден стејт, Де Маркус Касинс го фаулираше Марк Гасол, но судиите не досудија прекршок. До крајот на мечот, Торонто намали на 105:106, гостите го прокоцкаа последниот напад, а Рептилите не успеаја да стигнат до најзначајната победа во клупската историја.
Шестиот меч од финалето ќе се игра во петок наутро во 3 часот, а домаќин е Голден стејт.