Младиот фудбалер од средниот ред на Манчестер јунајтед, Коби Маино, се очекуваше дека ќе биде иднината на клубот и блесна уште на првите настапи за сениорската екипа. Неговата вредност брзо порасна на 65 милиони евра, но се чини дека „црвените ѓаволи“ ќе останат без 19-годишниот фудбалер.
Договорот на Маино истекува во 2027 година, но младиот фудбалер одбива да потпише нов и да го продолжи, бидејќи, како што пренесуваат британските медиуми, тој е разочаран од ситуацијата во клубот и во кој правец се движи. Ваквата одлука на Маино ќе го принуди раководството на Манчестер јунајтед да го продаде, а неговата следна дестинација ќе биде Челзи.
„Сините“ од Лондон се подготвени да платат 55 милиони евра за услугите на Маино, колку што е неговата моментална вредност, па останува само уште официјализација на трансферот, која треба да се случи во текот на овој месец.