Од Нејмар ли научи? Мбапе покажа дека е одличен нуркач, а и Бензема не се прослави во својот камбек (видео)

Франција ја покажа силата пред стартот на Европското првество со убедлив триумф над Велс со 3-0 на „Алијанц Ривиера“ во Ница. Карим Бензема го официјализира враќањето во репрезентативниот дрес, меѓутоа не се прослави при промашениот пенал.

 

Вард одлично го одбрани ударот на Бензема од 11 метри во 27-мата минута, откажувајќи негов дебитантски гол за Триколоровите по повеќе од шест години. Заедно со него вечерва се бламираше можеби и првата ѕвезда, Килијан Мбапе. Офанзиценот на Франција сакаше да изнуди нова најстрога казна, но тоа го направи на драматичен начин, за што може да е среќен што не беше санкциониран.

 

Мбапе се оддолжи веќе во 35-тата минута со водечкиот гол за тимот на Дешамп, па дуото на Барселона, Гриезман и Дембеле го потврдија триумфот со голови во 48-мата и 79-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести