26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Од некогашниот фудбалски храм остана само уште еден ѕид

Атлетико Мадрид од пред некоја година може да се пофали дека го има еден од најубавите стадиони во Европа, на „Ванда Метрополитано“ лани се играше и финалето на Лигата на шампионите, но на фановите во срцето им е и „Висенте Калдерон“, на кој клубот пет децении играше како домаќин и стадион на којшто славеа титули.

Уривањето на култниот „Калдерон“ е при крај, за еден месец ќе го снема и последниот дел од трибините, па во иднина никој нема да верува дека на тоа место се наоѓал еден од мадридските фудбалски храмови. Парцелата на која беше сместен стариот стадион беше продадена за 180 милиони евра.

Според фотографиите, може да се види дека е урнат речиси целиот стадион, освен ѕидот на некогашната централна трибина, а наскоро и овој ѕид ќе падне.

 

- Оглас -

Најнови вести