Вчерашната победа на Шкендија против Вардар значеше дека во сезоната 2025/2026, останаа само уште четири непоразени екипи во Европа.

КИ Клаксвик од Фарски острови одамна ја заврши сезоната и титулата ја освои без ниту еден пораз, па тие ќе останат на оваа листа до крај.
Интересно е дека од останатите три тима кои немаат пораз, а тоа се Бенфика, Славија Прага и Фенербахче, само Славија е водечка во моментов во својата лига. Сите овие три тима имаат по 24 меча без пораз.
Во чешкото првенство, Славија има 7 бодови пред второпласираната Спарта и фаворит е за титулата.
Бенфика нема пораз, а дури трета е на табелата во Португалија и има седум бодови помалку од лидерот Порто, па Орлите од Лисабон многу тешко ќе дојдат до титулата. Слична е ситуацијата со Фенербахче кој има минус четири бодови во однос на лидерот Галатасарај и не е главен кандидат за титулата, иако уште нема пораз.

