УЕФА изненадно, на денот на натпреварот, ја смени судиската екипа која треба да дели правда на вечерашниот натпревар во Москва од квлаификаците за фудбалската ЛШ помеѓу Спартак и Бенфика.
Средбата требаше да ја судат Шпанци на чело со Карлос дел серо Гранде, но УЕФА, од засега непознати причини (се шпекулира дека е можно главниот или некој од помошните судии да има корона-вирус), реши да ги повлече и на нивно место да делегираат Срби. Главен судија на дуелот со Москва ќе биде Срѓан Јовановиќ.