3.8 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Од Нотингам форест се жалат на судењето, сметаат дека се оштетени во дуелот против Манчестер сити

Екипата на Нотингам форест не е ни бледа сенка на одличните резултати од минатата сезона, па сега е во долниот дел од табелата. По 18 одиграни меча, Нотингам форест освои само 18 бода и е на 17-тата позиција, последна која носи спас од испаѓање.

Пред три дена, Нотингам форест на свој терен загуби од Манчестер сити со 1:2 во меч на кој сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Сити поведе, па домаќините израмнија, а во 83-тата минута Граѓаните стигнаа до 2:1 и победа на теренот на Нотингам форест.

Челниците на Нотингам форест сега и официјално вложија жалба до Организацијата на професионални судии во Англија (ПГМОЛ), и тоа за две спорни ситуации. Од клубот побарале да ги слушнат аудиоснимките меѓу судиите за моментот од почетокот на второто полувреме, кога Рубен Дијаш го фаулира Игор Жезус. Домаќините сметаат дека играчот на Сити требало да добие втор жолт картон, но тоа не се случи.

Втората ситуација е кога Сити го постигна голот за победа од 2:1. Рајан Шерки беше стрелец, а од Нотингам форест сметаат дека во зачетокот на акцијата, Морган Гибс го фаулирал Нико О’Рајли.

 

- Оглас -

Најнови вести