Од обичен дуел до хорор повреда што ретко се гледа – Џанан Муса заврши во болница со фрактура на гркланот (Видео)

Џанан Муса, репрезентативецот на Босна и Херцеговина, е опериран успешно во болница во Луго, Шпанија, откако имаше повреда што е многу ретка во спортот.

Кошаркарот на Рио Бреоган во навидум обичен дуел против кошаркар на Манреса се пожали на проблеми со дишењето и најпрво падна на паркетот, а потоа се обиде да продолжи да игра.

Но, ситуацијата очигледно беше сериозна и Муса се бореше за здив, а во болница му била констатирана фрактура на гркланот и веднаш бил опериран.

„Муса е опериран во болницата ‘Хула’ во Луго за да му се осигури нормално функционирање на системот за дишење. Од ударот имал фрактура на гркланот. Засега не знаеме колку ќе паузира и кога ќе може повторно да игра“, објавија од неговиот клуб.

Ова е една од најретките повреди што досега се случила на кошаркарски меч.

- Оглас -

Најнови вести