Од одличен фудбалер, се претвори во обичен криминалец – Репка пак е во затвор

Познатиот чешки фудбалер Томаш Репка повторно заглави во затвор, овојпат за измама со автомобили, а казната на судот е 15 месеци зад решетки.

Поранешниот репрезентативец на Чешка и фудбалер на Фиорентина и Вест хем измамил жена на која ѝ продал автомобил што бил изнајмен.

Ова е само дел од криминалниот репертоар на Репка, кој беше одличен фудбалер, но се претвори во обичен криминалец по завршување на кариерата.

Тој веќе беше осуден на шестмесечен престој во затвор откако незаконски огласуваше непристојни објави во име на својата жена.

Репка имаше проблеми и со алкохолот и неколкупати е казнуван поради возење во пијана состојба.

- Оглас -

Најнови вести