Од осум меча, четири се „сигурици“ во НБА-понудата, речиси 80-мина играчи за „плус- минус“ опцијата

Вкупно осум меча се играат ноќеска во НБА-лигата и се очекуваат возбудливи пресметки. Според коефициентите кои се понудени во Sport Life, дури четири меча се сметаат како „сигурици“, односно за победа на еден од тимовите, коефициентот е помал од 1.45.

Бостон на свој терен не би требало да има проблеми против Феникс санс, а во слична ситуација е и Њу Орлеанс, кој пред своите навивачи го пречекува Далас маверикс. Има и две гостински екипи кои се фаворити. Голден стејт игра на теренот на Вашингтон, а интересно е дека ова е дуел на две екипи кои редат порази. Вашингтон има дури 11 порази по ред, а Голден стејт загуби петпати во низа и ова е неегова шанса да ја прекине оваа црна серија. Воините имаат низа од осум победи по ред против Вашингтон.

Сан Антонио е фаворит за победа кај Лос Анџелес клиперс, иако традицијата вели дека тимот од ЛА има осум победи во последните 10 средби против Спарси.

Во понудата има речиси 80-мина кошаркари кои треба да бидат на терените на кои може да се одигра „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести