36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Од осум меча со три двознаци, прогнозерите „составија“ тикет со коефициент 144

Четворица играчи на Спортска прогноза имаат перфектен биланс од пет погодени по вчерашните мечеви кои се дел од 20 коло. Тие четворица остануваат во трка за главната премија, мобилен телефон Ајфон 12, додека оние со по една и две промашени се во игра за добивање вредносни ваучери од Sport Life од по 1.000 и 500 денари.

Дури осум меча се играат денеска, а според фиксовите на прогнозерите, на дури шест дуели една од екипите е со фаворитска улога. Возбудувањата ќе започнат во 14 часот кога играат Гранада и Осасуна. Дури 67 отсто од прогнозерите веруваат дека домаќините ќе победат.

Со преку 60 отсто шанси за победа се и Ајакс на гости кај ПСВ Ајндховен (61 отсто), кец на Торино против Сасуоло (68 отсто), како и победа на Бордо против Стразбур (61 отсто). Монако треба да слави на гости кај Монпелје барем според 66 отсто од прогнозерите, додека најголема фаворитска улога има Челзи во градскиот дуел против Тотенхем. Безмалку 80 отсто се за победа на Сините на „Стемфорд Бриџ“.

За дуелот Специја – Сампдорија, само 15 отсто очекуваат победа на Специја, а речиси еднакви со процентите а Х или 2. Шлаг на денот ќе биде дербито во Италија меѓу Милан и Јувентус. Тука во Милан веруваат 36 отсто, за реми се 40 отсто, а 24 отсто се за триумф на Старата дама.

Тикетот кој го „составија“ прогнозерите со своите фиксови, носи вкупен коефициент од 143.98 што зачи дека со само 20 вложени денари, можната добивка би била 2.842 денари.

1306 Гранада – Осасуна                1    2.60

1636 ПСВ Ајндховен – Ајакс          2     2.00

3006 Специја – Сампдорија          Х2    1.44

3007 Торино – Сасуоло                  1     2.05

1709 Бордо – Стразбур                 1Х    1.84

2831 Монпелје – Монако               2      2.00

1103 Челзи – Тотенхем                  1     1.77

3614 Милан – Јувентус                 1Х     1.44

——————————————————–

Вкупен коефициент:                          143.98

- Оглас -

Најнови вести