Од Овиедо до Скопје против Летонија – Пандев ја слави стотката

Горан Пандев почна на невообичаен начин со настапите во македонската репрезентација, а дебито му е во Овиедо, против шпанската провинција Астурија на 23 декември во 2000 година.

Оттогаш почна убавата одисеја на Гранде Пандев во националната репрезентација, иако тој меч не му се смета во графата со 100 настапи, која ќе ја пополни вечерва против Летонија.

Играше против дел од најголемите светски селекции од калибарот на Шпанија, Холандија, Чешка, Данска… и постигнуваше голови против нив.

Постигна вкупно 33 голови на 99 мечеви за Македонија, а вечерва може и до 35-та на стотиот јубилеен меч за националната селекција.

Желбата на Пандев да игра на големо натпреварување засега остана несполнета, а ветеранот се уште се надева и на 35-годишна возраст дека ќе ја поведе Македонија на ЕП, или СП.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести