Второто коло од новото фудбалско првенство на Македонија ќе биде комплетирано денеска со мечот меѓу Брера и Пелистер. На стартот од првенството, двата тима претрпеа убедливи порази. Брера со 5:0 загуби на гости кај Силекс, а Пелистер со пораз од 4:1 се врати од гостувањето во Скопје против Вардар.
Сега и Брера и Пелистер се со желби дека ќе ги освојат првите бодови. Во таборот на Пелистер владее оптимизам, иако битолчани се гости на овој дуел. Тренерот Димитар Капинковски верува дека неговиот тим може непоразен да се врати од ова гостување.
„Првенството е на самиот почеток. Генерално, сите екипи – освен оние што имаа настапи во Европа – сè уште се компонираат и ги играат своите први натпревари. Поради тоа сметам дека барем на стартот шансите за позитивен резултат се 50/50.
Ние, како ФК Пелистер, на секој натпревар се подготвуваме максимално, без разлика на противникот и секогаш ќе се стремиме кон позитивен резултат. Преодниот рок трае до 7 септември и останува можноста да донесеме играч кој би придонел за реализација на зацртаните цели“, вели Капинковски во пресрет на средбата.
Овој меч го има и во понудата на Sport Life, а таму сепак шансите не се 50-50 затоа што улогата на фаворит ја имаат домаќините.