Од Пелистер се пофалија: „Од сите клубови на Балканот, ние имаме најмногу играчи на ЕП“

Актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, на социјалните мрежи се пофали дека на Европското првенство во Германија ќе има дури девет свои ракометари, што ги прави клуб со најмногу играчи на континенталниот собир од цел Балкан, а можеби и пошироко.

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе играат за три различни репрезентации. Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски и Ненад Костески се дел од репрезентацијата на Македонија, Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ ќе настапат за Србија, додека Урбан Лесјак и Нејц Цехте ќе ја претставуваат Словенија.

– “РК Еурофарм Пелистер ќе биде репрезентиран со девет ракометари на Европското првенство Германија. Марко Кизиќ, Петар Атанасијевиќ, Жарко Пешевски, Филип Кузмановски и Ненад Костески во дресот на македонската репрезентација, Урош Борзаш и Богдан Радивојевиќ во дресот на српскиот национален тим и Урбан Лесјак и Нејц Цехте како дел од словенечката селекција ќе го претставуваат нашиот клуб на големата сцена.
Еурофарм Пелистер е македонски и балкански клуб со најмногу претставници на Европското првенство и еден од клубовите со најмногу ракометари на шампионатот од целиот континент.
Среќно момци!“ – велат од Еурофарм Пелистер.

- Оглас -

Најнови вести