Барселона има „летечки старт“ на сезоната во шпанската лига, ни репрезентативната пауза не го запре нивниот налет, Каталонците имаат 15 бода од првите пет кола и дури 17 постигнати гола во овие пет меча.
Барса само еднаш не била шампион, кога ги добила сите први пет меча во една сезона. Седуммина различни фудбалери се запишаа во листата на стрелци, а особено убиствен е „пентагонот“ на тренерот Ханси Флик.
Од 17-те голс, 15 дадоа петмината од „пентагонот“: Левандовски, Јамал, Рафиња, Педри и Олмо. Тоа се 88 проценти од головите на Барса. По еден гол имаат и Феран Торес и Кунде.
Левандовски, кој вчера по 100-ти пат играше за Барселона, е прв стрелец со 4 гола и игра одлично под водство на Флик како и во Баерн, Олмо на три меча даде три гола, Јамал блесна вчера со два гола во мрежата на Жирона, Рафиња направи хет-трик против Валјадолид. Во добра форма е и Педри, кој кога не е повреден, е злато вреден за тимот и клучна спојка на средниот ред со нападот.