Пет меча се играат вечерва во НБА-лигата, а интересно е дека, според квотите, на четири има изразити фаворити. Бостон е домаќин на Мајами во меч на две екипи кои имаат по 15 победи сезонава. Мајами беше во лоша серија од пет порази, која беше прекината со победа над Бруклин, но, сепак, на Жешките ќе им биде многу потешко да го изненадат Бостон.
Кливленд ќе сака да му се реваншира на Чикаго за поразот од само пред два дена. Тогаш Чикаго на свој терен победи со 127:111, но сега Кливленд е домаќин и ја има фаворитската улога.
Актуелниот првак Оклахома гостува кај МИнесота и ја има фаворитската улога. оклахома има пет победи во последните шест меѓусебни дуели со овој ривал.

Во понудата за „плус-минус“ играта има дури 56 кошаркари. Џоел Ембид е на границата од 22,5 поени, а на истата граница е и Норман Пауел. Џелен Браун од Бостон да биде во „плус поени“ мора да постигне барем 30.


