17.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Во пет различни земји има пет интересни дуели

3009 Фиорентина – Интер (20:45 ч.)

Интер има шанса со победа во Фиренца се се искачи на првото место на табелата во Серија А. Фиорентина сезонава игра одлично, но кога се работи за дуелите против Нераѕурите, тука се инфериорни.

Традицијата вели дека во последните 10 меѓусебни дуели, Интер има шест победи, три пати било нерешено, а Фиорентина само еднаш била подобра. Двете екипи играат офанзивно и може да се очекуваат погодоци.

Предлог тип: Х2&2-4 (1.86)

 

1810 Борусија Дортмунд – Бохум (17:30 ч.)

Борусија Дортмунд мора да брка победа за да остане во групата на екипи кои сериозно претендираат за местата во Лигата на шампиони за следната сезона.

Бохум на гости има само една победа во девет средби, а кога се работи за дуелите со Милионерите, на 11 од последните 12 средби играат во комбинацијата гол-гол што значи дека погодоците не треба да недостасуваат.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)

 

1309 Атлетико Мадрид – Валенсија (21 ч.)

Атлетико Мадрид е речиси перфектен на свој терен сезонава и во 10 меча има дури девет победи и едно реми. Јорганџиите сезонава во просек даваат два гола по меч, но примаат и еден гол во просек.

Валенсија има дефанзивен начин на игра и ќе биде интересно да се види Атлетико Мадрид дали и кога ќе успее да го разбие бункерот на гостите.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.55)

 

1661 Андерлехт – Ројал Унион (18:30 ч.)

Неверојатна е доминацијата на Ројал Унион против Андерлехт па овој тим има осум победи по ред против белгискиот гигант. Последен пат Ројал Унион победи пред само четири дена и тоа во Купот со 2:1.

Сега Андерлехт има шанса да ја прекине оваа лоша традиција, па барем да освои еден бод.

Предлог тип: ГГ3+ (2.09)

 

1123 Њупорт – Манчестер јунајтед (17:30 ч.)

Четвртолигашот Њупорт има чест да игра против англискиот гигант во ФА Купот. Нема дилема дека Манчестер јунајтед ќе победи.

Ќе биде срамота ако Црвените ѓаволи уште во првото полувреме не ги реши сите дилеми против ривалот кој според рангирањето е преку 60 позиции под нив.

Предлог тип: 2-2&0-4 (2.35)

- Оглас -

Најнови вести