Од поинаков агол: УФЦ потсети како Мекрегор стана шампион само за 13 секунди (видео)

УФЦ на официјалниот твитер-профил објави видео од борбата меѓу Конор Мекрегор и Хосе Алдо за светската титула во лесна категорија. Борбата се случи пред пет години, а Конор го освои појасот само по 13 секунди од првата рунда нокаутирајќи го Алдо само со еден удар.

Од досега невиден агол, УФЦ потсети како Мекрегор стигна до појасот, притоа задавајќи го првиот посериозен удар кој заврши трагично за противникот. Алдо падна на подот, па судијата мораше да интервенира и да го прекине мечот, а Ирецот веќе почна да ја слави светската титула.

https://twitter.com/ufc/status/1213175695670530048

- Оглас -

Најнови вести