Од полската Екстракласа до битка во полуфиналето во ЛШ (фото)

Лион вчера го приреди последниот шок во Лигата на шампионите пред топ 4 фазата со елиминацијата на Манчестер сити. Лавовите закажаа битка за пласман во финалето против Баерн Минхен, кој сега е прв фаворит да го освои посакуваниот пехар.

Тој дуел е закажан за 19 август, а ќе биде посебен со оглед на тоа дека двајца играчи ќе ги одмерат силите за првпат по 11 години пауза. Тоа се дефанзивецот Марсело и голгетерот Роберт Левандовски.

Пред нешто повеќе од една деценија двајцата фудбалери играа во полската Екстракласа. Марсело беше член на Висла од Краков, додека Левандовски ги бранеше боите на Лех Познан.

Интересна фотографија од нивниот последен дуел на полско тло е најава дека за три дена во Лисабон ќе гледаме нова одлична битка на теренот.

https://twitter.com/ActuFoot_/status/1294925616681119746

- Оглас -

Најнови вести