5.8 C
Skopje
петок, 6 февруари 2026

Од понеделник, Лапорта веќе нема да биде претседател на Барселона

В понеделник ќе се одржи состанок на Управниот одбор на Барселона, на кој ќе бидат закажани претседателски избори за 15-ти март, а актуелниот претседател Жоан Лапорта и дел од неговиот Управен одбор ќе поднесат оставка, бидејќи ќе се кандидираат за нов мандат.

Нов претседател на Барса ќе биде Рафаел Хусте. Тој ќе ја извршува оваа функција до 1-ви јули, датумот на кој претседателот избран на изборите ќе ја преземе функцијата.

Јусте, човекот што ќе го води клубот во следните пет месеци, моментно е прв потпретседател на Барселона. Неговиот однос со Лапорта е близок, тој е апсолутно лојален кон претседателот. Тие се пријатели целиот живот, се запознале во училиште во Барселона кога имале само 5 години. Оттогаш, меѓу нив се развило големо пријателство. Хусте бил и директор во Барселона за време на првиот мандат на Лапорта како претседател.

Хусте е дискретна личност која отсекогаш го поддржувала претседателот и му давала совети. На пример, тој е најзаслужен за потпишувањето на Пеп Гвардиола за тренер на првиот тим.

Рафа Хусте ќе го преземе клубот в понеделник, но нема да може да ги донесува најважните одлуки. Привремените претседатели имаат ограничени овластувања за дејствување и нивната цел е да го одржат правилното функционирање на клубот без да донесуваат стратешки одлуки или да преземаат обврски со висока економска цена.

- Оглас -

Најнови вести