Во 18-тото коло на Спортска прогноза, домаќините нема да имаат многу причини за радост, сметаат прогнозерите кои досега ги дадоа своите типови. Само на пет дуели, за триумф на домаќинот прогнозирале над 50 отсто, додека во останатите осум средби или гостинот е во улога на фаворит или ремито го гледаат како најреален фикс.
Од сите мечеви, Монпелје е најголем фаворит затоа што над 84 отсто од прогнозерите очекуваат триумф на овој домаќин во средбата против Брест. Домашниот терен треба да биде адут и на Болоња против Монца, како и на Лион против Ленс, каде што 77 отсто чекаат „кец“. Малку над 50 отсто верба во триумф на домаќините имаат на Валјадолид против Осасуна и Саутхемптон против Вулверхемптон.
Дербито на колото се игра во Лисабон, каде што Спортинг е домаќин на Порто. Едвај 15 отсто се надеваат на победа на Спортинг, додека „двојка“ на Порто чекаат 40 отсто.
Како во секое коло така и овојпат, главната премија е погодување Среќна 13-ка, односно погодување на сите 13 пара, што носи можност да се одбере еден од вредните подароци: Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет или X Box Series X.
За оние со 12 погодоци следуваат вредносни ваучери од по 1.000 денари во Sport Life, а за погодена 11-ка, ваучерот е 500 денари.