По комплетирањето на првото коло на ОП на САД во машка конкуренција, само Новак Ѓоковиќ остана како тенисер кој има освоено гренслем титула, или поточно 20 во кариерата. Доколку првиот светски рекет не стигне до рекордниот 21-ви голем трофеј, некој од преостанатите 63 тенисери ќе дочека најголем успех во кариерата.
Останати тенисери со гренслем титули во кариерата на турнирот во Њујорк беа Енди Мареј и Марин Чилиќ, но Британецот беше елиминиран од Циципас, додека хрватскиот претставник се откажа поради повреда.
Ланскиот шампион Доминик Тим го откажа учеството, ги нема ниту Рафаел Надал и Роџер Федерер. Инаку, пред Тим, последен тенисер кој го освои трофејот во Њујорк, а да не се вика Ѓоковиќ, Надал или Федерер, беше Стен Вавринка во 2016 година.