Од пријателска ревија до трагедија – Во ринг почина мексиканскиот Принц летач (Вознемирувачко видео)

Се беше подготвено за спектакуларна ревија во популарниот американски спорт, но за жал се случи вистинска драма во рингот, со трагичен крај за 26-годишниот мексикански кечер Луис Анхел Салазар.

Популарниот „Принц летач“ како што му е прекарот на Салазар, не издржа по неколку удари од противникот и падна како покосен во рингот.

Имаше сцени што беа драматични, веднаш медицинските лица се обидоа да му помогнат, но за жал немаше спас.

Салазар е еден од најдобрите преставници на Мексико во овој спорт и успеа да стаса и до американската сцена, каде кечерите се многу популарни.

 

- Оглас -

Најнови вести