Од ПСЖ жестоко му одговорија на Мбапе: Ти беше вработен како и секој друг

Килијан Мбапе денеска во еден хотел во Париз оддржа прес-конференција во која неговиот правен тим ги објасни следните мерки кои ќе бидат преземени, доколку од Пари Сен Жермен не го исплатат долгот кон фудбалерот. До пред неколку месеци Мбапе беше играч на ПСЖ, но потоа реши да си замине како слободен играч и го облече дресот на Реал Мадрид.

Мбапе смета дека ПСЖ му останал должен дури 55 милиони евра, но од францускиот првак стигна експресен одговор.

„Уште по една измислена приказна, ПСЖ и понатаму не разбира зошто Килијан Мбапе овој спор со својот поранешен клуб не го упати кон Conseil des Prud’hommes, единствениот суд надлежен за донесување одука во овој случај“, велат од ПСЖ.

Клубот го критикува и ставот на адвокатите на Мбапе, кои тврдат дека поради сите овие мерки, поминало повеќе од една година од тужбата бидејќи Килијан не е обичен вработен.

„Неговите адвокати тврдат дека тоа е затоа што тој не е вработен како сите други. Напротив, ПСЖ смета дека тој беше вработен како и секој друг и дека мора да ги почитува јасните и повторени ветувања, јавни и приватни, кои му ги дал на својот работодавец, и покрај тоа што седум години во Париз уживаше во невидените придобивки што му ги даваше клубот. Во основа, станува збор за добра волја, чесност и лојалност, но и за почитување на вредностите и почитта на париската институција и нејзините навивачи“, додаваат од клубот, инсистирајќи дека ќе ја бранат својата позиција пред телото што го сметаат за надлежно кога играчот ќе одлучи да оди на суд.

„Сите мерки објавени од адвокатите на Килијан Мбапе само го одложуваат решавањето на спорот пред Судот за работни односи, пред кој ПСЖ е подготвен да ги претстави сите факти, докази и сведоштва кои покажуваат постоење на договор или, уште подобро, преку колективен договор што ПСЖ го бара повеќе од една година“, стои во реакцијата на францускиот фудбалски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести